Екраноплан PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 Ноември 2008 03:44
ЕкранопланВо 1970-тите години за прв пат на американските сателитски фотографии за прв пат се појави овој објект се мислело дека е нормален Џамбо Џет во изградба на земја, но кога подоцна бил фотографиран пловејќи во вода, американските разузнавачи биле зачудени - "што е ова?"

 

 

 

 

 

Каспиското морско чудовиште
 

 "Каспиското морско чудовиште" на сликава се движи со брзина поголема од 500 јазли, а тежи преку 540 тони! Екраноплан не се вбројува во воздухоплови ниту во бродови, едноставно е мешавина од двете. Се движи по динамичка перница од воздух која се создава од движењето нанапред кое го остварува. Има слични карактеристики како повеќето лебдечки направи - и обете летаат на мало растојание од површината, но не може да лебди додека е неподвижен. 

Овие летачки бродови се огромни во големина и се движат со голема брзина, па се до падот на комунизмот во раните 1990-ти години беа чувани во тајност од светот. Нивната предност се состои во тоа што тие се буквално невидливи за радарите бидејќи летаат на само неколку метри од водената површина. Замислете стотици вакви бродови да нападнат една земја, буквално би биле незабележани се до моментот кога би се приближиле до самиот брег.

 

Екраноплан
 

 

Се започнало како многу амбициозна програма лансирана во 1960 година кога Екранопланот успешно ги помина сите летечки тестови. КМ или Каспискиот морски звер - 540 тонска машина била изградена со многу понапредна технологија од актуелната на Западот. Причината што е толку голем се потребите за тестирање на основите на еден ваков дизајн. Сите тестови биле успешни па во 1967 година била постигната неверојатна брзина од 500 јазли и висина од 20 метри, иако почетната максимална висина била само 3 метри. Осум КМ биле направени со различни спецификации. Како што Екранопланот забрзува, воздухот е компресиран под неговите кратки стабилизирачки крилја се додека нема доволно притисок за да биде создадена сила за подигање, која го одржува леталото во воздух. Ова е познато како Wing-In-Ground effect а овие летала уште и се нарекуваат со кратеницата WIG.

 

Екраноплан
 

 

Екраноплан
 

 

Огромната брзина која Екранопланот може да ја постигне се должи на фактот што нема триење помеѓу трупот на леталото и водата. Сите Екраноплани се амфибиски летала и лесно можат да летаат над земја или вода со огромна брзина, се додека површината е релативно рамна. Обично тргнувањето и застанувањето се извршува од вода, но не мора да биде правило.

 

Екраноплан
 

Последниот Екраноплан бил изграден во 1987 година во поранешниот Советски Сојуз и бил 100-процентна борбена платформа која можела да испалува проектили и да пренесува војници. LUN тежел 400 тони и носел 6 големи проектили на горниот дел од трупот и можел да пренесува тенкови и камиони во огромниот карго простор. Во времето на распаѓањето на Советскиот Сојуз вториот LUN бил во изработка, но поради финансиските тешкотии армијата го откажала проектот.

 

Екраноплан