Утва-75 PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 Јануари 2007 09:39

Утва-75Како најексплоатиран авион во аероклубовите во Република Македонија е авионот од типот Утва-75. Сите пет аероклубови во Република Македонија имаат по еден авион од овој тип. Авионот Утва-75 е наменет за основна обука на пилоти, влечење на едрилици за општа употреба. Авионот е произведен во фабриката за авиони Утва - Панчево. Првиот лет на овој авион бил на 19 мај 1976 година, а влегол во употреба во 1978 година.

 

 

Моторот на Утва-75 е од американско потекло Lycoming IO-360-BF и е со сила од 134 KW или 182 HP. Исто така има двокрака метална елиса која има променлив чекор. Стојниот трап е од типот трицикл кој е фиксен.

 

Утва-75

 

Авионот има екипаж од двајца, должина од 7,11 метри, распон на крила 9,73 метри, висина од 3,15 метри, пречник на елисата 1,93 метри, тежина на празен авион од 685 кг, максимална полетна тежина од 1200 кг, максимална брзина во хоризонтален лет од 215 км/ч, максимална дозволена брзина од 270 км/ч, брзина на превлекување од 82 км/ч, плафон на лет 4000 метри, максимален долет 600 км/ч и оптеретување во ге сили од -3 до +6.

Утва-75

Утва-75 има и опција на носење на додатни резервоари за гориво или опција на носење на наоружување на двете крила со максимална тежина од 200 килограми. Овој воздухоплов има опрема за VFR употреба. Има една страндардна радио-станица и ADF. Корисници на Утва-75 во Република Македонија се Аероклуб "Скопје" - Скопје (Z3-DCD), Аероклуб "Доне Божинов" - Куманово (Z3-DCC), Аероклуб "Мирко Тодоровски" - Битола (Z3-DCH), Аероклуб "Прилеп" - Прилеп (Z3-DCG), Аероклуб "Штип" - Штип (Z3-DCF).

Утва-75

 

Утва-75

Текст и фотографии: Никола Давидов