Авионот Пантер со ознака Ф9Ф е првиот реактивен авион на Груман. Тој е порачан од морнарицата на САД, каде ќе биде вториот реактивен авион, првиот е Ф2Х Баншии.
Во почетокот на војната морнарицата на САД,бара модернизација на Ф4Ф. Првин Груман планира помала надоградба на веке постојниот модел, но покасно се определува за доста појак морот кое од своја страна ја сменува целата концепција. Резултатот е еден авион кој ќе се прослави во најголемиот воен театар кој некогаш се одиграл во историјата на човековото постоење.
Корпорацијата Grumman е основана во 1929 година од Лирој Груман и Џејк Свирбул. Почнувајки скромно таа ќе се претвори во водечка компанија во производство на воени авиони. Во 1994 година Груман се спојува со Нортроп и го создаваат концептот на Нортроп Груман.
Железениот крст "Eisernes Kreuz" е воведен првпат од прушкиот крал Фридрих Вилхем III во 1813 година за време на војните на Наполеон. Има два степени, прв и втор. Реинситуиниран во 1939 година.
Откако веќе бил подготвен за сериско производство, поради заканата од нацистичка Германија била донесена одлука Спитфаер-от да се приоизведува со забрзано темпо, и тоа во неколку фабрики истовремено. Веднаш, по неколку произведени примероци, министерството за воздухопловство наредило неколку искусни пилоти да ги тестираат истите.
Тупољев 144 (наречен инаку Конкордски) е првиот патнички авион кој го пробил звучниот зид и летал со брзина поголема од 2 маха на 5 Јуни 1969. Голема контроверзност стекна со сличниот (скоро ист) дизајн на Конкорд, кој излезе кратко подоцна. Во 1973 на Париското шоу се сруши пред илјадниците гледачи убивајќи 6 од екипажот и 8 на земја.
Брзо после нападот на Германија, Советскиот Сојуз постанува дел од коалицијата против фашизмот. После колосалните загуби во почетните неколку недели на Црвената армија и е повеќе од потребна помош. Првите АероКобри доаѓаат од Британија.
Приказната започнува во 1936-та година кога во компанијата Bell aircraft corporation под раководство на Роберт Вудс и Харланд Пајер почнува со проектирање на нов авион ловец, наменет за армискиот воздушен корпус на САД (USAAF). Конструкторите користат многу од веќе постојниот модел - авионот XFL-1 Airabonita, кој бил наменет за американската морнарица но не успева да победи на претходниот конкурс.
Јури Гагарин е роден во Клушино, западно од Москва, на 9-ти март 1934 година. Тој живеел со неговите родители на фарма. Мајка му била писател, а татко му искусен столар. Додека одел во основно училиште тој го остварил првиот контакт со воздухопловството. Неговиот наставник по математика бил пилот во Црвената армија и му ѓи пренел тајните на воздухопловството на младиот Гагарин.
Во 1935 година американската морнарица распишала конкурс за замена на старите двокрилци Grumman F3F. Brewster Aeronautical Corporation на чело со глaвниoт конструктор Dayton T. Brown го промовира Бафало, како авион моноплан со тркала што се вовлекуваат во трупот на авионот. Првиот лет бил на 2 декември 1937 со мотор од 950 коњски сили и пропелер Хамилтон со променлива стапка на вртење.
Mil Mi-12 Homer - најголемиот хеликоптер на светот
Петок, 17 Ноември 2006 13:39
Најголемиот хеликоптер на светот кој некогаш бил изграден преставува Советскиот Mil Mi-12. Направен со единствениот дво-роторен попречен систем кој ја елиминира потребата од мотор на опашката, a двата мотори се земени со роторите од Mil Mi-6 и удвоени на Mi-12. Производството започнало во 1965 година со цел да се подигне товар од 30 тони, а прв пат полета во 1968.
Еден човек, еден мотор, еден океан. Spirit of St. Louis
Понеделник, 25 Септември 2006 13:18
Sprit of St. louis е рачно изработен авион користен од Чарлс Линдберг за да го оствари првиот соло без застанување трансатланстски лет на 20 и 21 мај, 1927 година. Тој полета од Roosevelt Airfield во Лонг Ајленд, Њу Јорк и успешно слета на Le Bourget Aerodrome во Париз, Франција. Летот траел 33 часа, 30 минути и 29.8 секунди.
Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот ''Потез-29'' и превезувал 5 патници. Како најново и најсовремено превозно средство авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен ''Скопје'' а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба ''Аеродром''.
Тупољев 144 (наречен инаку Конкордски) е првиот патнички авион кој го пробил звучниот зид и летал со брзина поголема од 2 маха на 5 Јуни 1969. Голема контроверзност стекна со сличниот (скоро ист) дизајн на Конкорд, кој излезе кратко подоцна. Во 1973 на Париското шоу се сруши пред илјадниците гледачи убивајќи 6 од екипажот и 8 на земја.
На почетоткот на 40-тите, морнарицата на САД распишува конкурс за ловец авион кој ќе ги замени застарените двокрилци. Груман се јавува на тој конкурс со авионот Ф4Ф, но за негова несреќа или среќа е победен од Бафалото на Brewster.
Точно пред една година, на овој ден е креирана базата на форумот и порталот на странава. Нешто повеќе од 20 дена работа низ кодот, сликите и опциите стигнаа и првите посетители кои останаа верни и до денес. Во меѓувреме се здруживме со други обожаватели на авијацијата и денес ги имаме овие разговори кои нас лично не прават среќни.
Како и да е, честит роденден на сите нас, искрено се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со дружењето меѓу нас.
Искрено ваша,
Македонска Авијација
Supermarine Spitfire: Варијанти
Петок, 09 Март 2007 14:37
Постојат повеќе од 24 варијанти на Спитфаер-от, од коi најраспространета е Mk-V со произведени 6479 примероци додека од верзијата Mk-IX се произведени 5665 авиони.
Eден топол ден на небото над Довер, брмчеа авионски мотори, младото момче што му помагаше на стариот чувар се стрча и покажувајки кон небото викаше ...Спитфаер, Спитфаер ...
Во текот на ескплоатацијата на Р-39 се забележува еден конструктерски недостаток. При потрошување на муницијата се изместува центарот на рамнотежа, и многу често се случува авионот да влезе во плосток спин со опашката надоле. Така уште пред да влезе САД во војната, на конвенција компанијата Bell го претставува идниот ловец.
Британците први добиваат можност да го проверат во војна овој авион. На 3 јули 1941 година се добиени 3 авиони од С варијантата, а до крајот на месецот се добиени и останатите од порачаните. Но тестирањата на британците не излегуваат позитивни, брзината е падната за цели 53 км/ч и увиделе дека Харикенот има поголем плафон на воено дејство.
Фрањо Клуз (1913-1944) бил југословенски војник со хрватско потекло, најдобро познат како основач на Партизанското Воено Возухопловство. Роден во селото Јошик, во близина на Босанска Дубница, денес на територијата на Република Српска. Во 1931 завршува школо за резервни офицери и завршил обука за воен пилот.
Северно-американскиот F-86 Sabre е еден од најуспешните и најелегантните ловци од американската флота во 1950-те години. Интересен е фактот кој говори дека постоењето на овој авион се должи на американската морнарица, а не на американските воздушни сили. Во 1945 година со крајот на Втората Светска Војна, USAF експериментира со тогаш познатиот FJ-1 "Fury" кој дотогаш користел прави крилја, односно крилјата бил под прав агол. Со применување на технологијата на закосени крилја, која била докажана во намалување на отпорот, доаѓа до раѓањето на F-86 Sabre.
Convair B-36 бил стратешки бомбардер на американското воено воздухопловство кој имал интерконтинентален дострел. Неофицијално наречен "Peacemaker" овој бомбардер е придвижуван од шест класични цилиндрично-елисни мотори а во D верзиите се користени и 2 млазни мотори на краевите од крилата, за подобрување на перформансите на најголемиот бомбардер придвижуван од клипен мотор кој некогаш бил масовно произведуван.
Желбите на човештвото да лета најверојатно датираат од првиот пат кога преисториските луѓе ги набљудувале птиците, најдобро опишани во легендарната приказна за Дедал и Икар. Денес, илјадници години подоцна, сонот на Дедал е остварен, а за патот до него, авијацијата бележи безброј интересни приказни и важни чекори кои придонесле за нејзиното развивање. На повеќе ќе ги спомнеме најважните.
Ејми Џонсон е родена на 1 јули 1903 година во Хул Јорк и живее таму се додека не се пресели во Шефилд во 1923 година за да студира воздухопловно образование. По дипломирањето, се сели во Лондон и работи како секретарка, но нејзиниот интерес во воздухопловството и понатаму продолжува.
Почетоците на Германската Воена Авијација започна во 1910 со основањето на Imperial German Army Air Service, меѓутоа нејзининото постоење не било постојано поради поразот од двете Светски Војни (1914-1918 и 1939-1945).