Тупољев 144 (Конкордски) Печати
Вторник, 11 Јули 2006 14:47
Тупољев 144Тупољев 144 (наречен инаку Конкордски) е првиот патнички авион кој го пробил звучниот зид и летал со брзина поголема од 2 маха на 5 Јуни 1969. Голема контроверзност стекна со сличниот (скоро ист) дизајн на Конкорд, кој излезе кратко подоцна. Во 1973 на Париското шоу се сруши пред илјадниците гледачи убивајќи 6 од екипажот и 8 на земја.

 

 

Сличностите на надворешниот дизајн се огромни, но уредите за навигација управување и останатите битни елементи се потполно различни. Потполно исто како Буран вселенската програма, која била лансирана "само за инает" на американската Спејс Шатл програма. Сергеј Павлов - официјален претставник на Аерофлот (компанијата која главно го користела Тупољев 144) бил уапсен во Париз, 1965 година бидејќи ги поседувал деталните планови на системот за кочење, тркалата и целосната рамка на Конкорд. Друг руски агент бил уапсен во 1977 бидејќи ги поседувал сите планови на прототипот на Конкорд од 1960 година.

Тупољев 144 на Париското шоу

 

Прототипот прв пат полета на 31 декември 1968 близу Москва, 2 месеци пред Конкордот. Тупољев 144 прв пат ја проби звучната бариера на 5 јуни 1969, а на 15 јули 1969 стана првиот патнички авион кој ја преминал границата од 2 маха.

Тупољев 144 на многу начини бил понапреден и различен, но очигледно е дека некој крадел од дизајнот на другиот. Тупољев започна со патничко летање на 26 Декември, 1975, пренесувајќи пошта и карго од Москва до Алма-ата во подготовки на пренос на патници, и во Ноември 1977 започна полу-закажано летање се додека првиот Tu-144D претрпе несреќа додека леташе тест лет, и се урна на 23 Мај 1978 со загуба на екипажот. Летот на Аерофлот на 1 Јуни, 1978 е 55-тиот и последен лет на Тупољев 144.

Закажан карго превоз со Tu-144D повторно започнал на 23 Јуни 1979. Денес е познато дека Аерофлот продолжил да го лета Ту-144D во 1980тите исклучиво за тестирање и превоз на карго.

На париското шоу во 1973, додека полетувал пилотот незнаејќи дека над него лета француски Мираж (летал во непосредна близина со цел да ги слика револуционерните крилца кај Тупољев 144, воедно непочитувајќи го правилото на оддалеченост од 5 милји на секој аеро митинг), што го натерало пилотот да направи нагло вртење а од ова откажале моторите. За да ги рестарира, се нурнал кон земјата меѓутоа од огромната брзина и наглото вртење авионот се скршил во воздух и се урнал.

 

 

Тупољев 144 лета на париското шоу



Има три главни теории на неговиот пат. Првата е дека се срушил пробувајќи да го избегне францускиот Мираж кој го сликал за да ги опфати сите напредни и различни делови од Француско-Англискиот Конкорд. Другата е дека русите намерно заменале одредени подесувања во компјутерот на автоматската стабилизација со што би го надиграле Конкордот, меѓутоа не отишло се како што треба па Тупољев 144 се срушил. И уште една теорија, која вели дека луѓето на Конкорд намерно направиле многу документи и нацрти со вградени грешки кои би ги излажале русите па би следела несреќата.

 

Моментот кога се урнал

 

Исходот на оваа несреќа очигледно е направен да се избегне одговорноста на обете страни, француската влада се спогодила со владата на тогашниот Советски Сојуз дека немало шпионски Мираж во воздухот, а Русите како надомест добиле јавен исказ од французите дека немало технички проблем со Тупољев 144 туку дека грешката била од човечки фактор - пилотска. Црната кутија од летот е уништена.

За крај, ви ја прикажуваме видео снимката од падот на овој Тупољев 144.