Ејми Џонсон Печати
Вторник, 19 Септември 2006 08:36

Ејми ЏонсонЕјми Џонсон е родена на 1 јули 1903 година во Хул Јорк и живее таму се додека не се пресели во Шефилд во 1923 година за да студира воздухопловно образование. По дипломирањето, се сели во Лондон и работи како секретарка, но нејзиниот интерес во воздухопловството и понатаму продолжува.

 

 

 

Ејми започна да лета во лонсонскиот авионски клуб во зимата 1928/1929 и нејзиното хоби прерасна во страст, но не само да стекне кариера во воздухопловството туку и да успее во нејзините проекти да докаже на светот дека жените исто така се подеднакво компетентни како и мажите во професиите. Првата нејзина цел е да го оствари својот прв самостоен лет, а потоа има желба да се квалификува како прв британска жена која е воздухопловен техничар. Во тоа успева и еден период е единствената жена воздухопловен техничар во светот. На почетокот на 1930 година, Ејми го избра својот прв предизик, да лета сама до Австралија и да го победи рекордот на Берт Хинклер, кој одлетал до Австралија за 16 дена. На почеток, нејзините обиди да собере доволно финансиски средства пропаднале, но за среќа лордот Вејкфилд се согласил неговата нафтена компанија да помогне во остварување на сонот на Ејми. Таткото на Ејми и лордот Вејкфилд ја поделиле сумата од 600 фунти на половина и го купиле половниот DH Gypsy Moth со регистрација G-AAAH. На авионот му било дадено името ''Џејсон'' по фамилијарниот бизнис.

Ејми Џонсон

Ејми со својот едномоторен авион Gypsy Moth на 5 мај 1930 година полета од Кројдон и слета во Дарвин на 24 мај 1930 година. Ова е значаен ден за историјата на воздухопловството поради нејзиниот прелет од 11 илјади милји. Таа беше првата жена пилот да лета сама до Австралија. Најинтересно е тоа што Ејми за нејзиното враќање према Англија реши да направи техничко слетување на стариот аеродром во Скопје. Таа била пречекана како прав херој.

Ејми ЏонсонЕјми Џонсон

 

Во јули 1931 година, таа постави нов рекорд со прелетот од Англија до Јапонија, со авионот Puss Moth заедно со својот пријател Џек Хамфрис. Во јули 1932 година, Ејми постави нов рекорд во соло лет од Англија до Кејптаун со истиот авион. Во мај 1936 година, Ејми повторно постави рекорд со лет од Англија до Кејптаун со авионот Percival Gull. Ејми Џонсон и нејзиниот сопруг, Џим Молисон, летаа со авионот DH Dragon нонстоп, од Pendine Sands, Јужен Велс до Соединетите Американски Држави во 1933 година. Тие заедно исто така, летаа нон стоп во рекордно време и до Индија, во 1934 година со авионот DH Comet и во воздушната трка од Англија до Австралија.

Во 1938 година Ејми се разведе од нејзиниот сопруг. Со почетокот на Втората Светска Војна, кариерата на комерцијалните летови на Ејми Џонсон завршија. Таа во 1939 година се приклучи на Воздушната Транспортна Подршка, која беше составена од искусни пилоти, кои беа верни и неопходни на Кралското Воено Воздухопловство. Нејзините летачки задачи беа како фери пилот да ги пренесе новопроизведените авиони од фабриките до воздухопловните бази на Кралското Воено Воздухопловство. На 5 јануари 1941, Ејми Џонсон го губи животот кога нејзиниот авион паѓа во естуарите на реката Темза. Тоа беше трагичен и преран крај на најпознатата Британска жена пилот.

 

Ејми Џонсон