Монструмите на авијацијата, најголемите авиони! PDF Печати Е-пошта
Сабота, 15 Ноември 2008 14:48
Монструмите на авијацијатаКако се почна? Еден од првите монструозни авиони во историјата на воздухопловите е Ilya Murometz, огромното достигнување по легендарниот Russky Vitaz, првиот воздухоплов со четири мотори.
 
 
 
Но овој авион првично не беше замислен како звер на небото, неговиот оригинален дизајн бил предвиден како луксузен патнички транспортер кој би имал електрично светло, парно, бања и стаклен под.
 
Монструмите на авијацијата
 
Друга интерпретација на оваа идеја била Tupolev ANT-20 "Maxim Gorky".
 
Монструмите на авијацијата
 
Еден навистина огромен руски авион од раните 1930-ти години е Ka-7, наречен по авионскиот инженер Калинин, а не по познатиот политичар. 
 
Монструмите на авијацијата
 
Уметност и елеганција помеѓу војните

Во периодот помеѓу војните, авионите стануваа се поголеми и поголеми. Невидени концепти на хартија како Norman Bel Geddes Airliner Number 4 се појавија, со застрашувачки карактеристики како девет катови лукзусно хотелско сместување, барови и посебни соби за моторите.

Монструмите на авијација
 
Капацитетот од 606 патници кои ќе престојуваат во целосен комфорт, лесно прелетувајќи го Атлантикот. Плановите на овој воздухоплов јасно покажуваат на логичниот развој на замислата од 1910 година за британскиот авиопревозник на иднината:
 
Монструмите на авијацијата
 
Но да се вратиме назад во реалноста. Како нареден проект се смета елегантниот Handley Page HP42, четири моторен убавец со исклучителна евиденција од нула несреќи додека бил користен како авиопревозник, што дава до знаење колку безбедно било да се лета тогаш.
 
Монструмите на авијацијата
 
Еден од поголемите и поубавите авиони кои следат во наредните неколку декади сигурно е одличниот 1936 Boeing Stratoliner. Нефер наречен "кит" поради неговата "дебелина", овој авион не претставува само уште еден огромен и убав авион, туку има и едно историско значење како прв авион кој имал кабина под притисок, една од најважните пронајдоци на денешната авијација.
 
Монструмите на авијацијата
 
Друг огромен и легендарен воздухоплов е H-4 Hercules. Овој авион е толку голем, што претставува стандард за големина кога авионите се мерат - но исто така и стандард за колку може една работа да се упропасти. Неговиот прв и единствен лет е остварен во 1947 година, кога леташе скоро 1.6 километри со висина од 24 метри. Оригиналната замисла како врвен воен транспортер е неуспешна бидејќи е завршен неколку години после Втората Светска Војна. Многу попознат под прекарот Spruce Goose.
 
Монструмите на авијацијата
 
Авионот беше порачан од владата на САД за време на Втората Светска Војна со замисла да биде употребен како огромен карго транспортер за армиските тенкови и војници. Но, за конструкторот, Хауард Хјуз, замислата била тој да биде најголемиот авион некогаш направен, што дури и денес претставува најголемиот летечки брод. Држи рекорд во неговите големини на крила (97.5 метри), висина (24.2 метри) и најголем авион направен од дрво (бреза). Причината што било употребено дрво во неговата изработка е недостатокот на метали поради Втората Светска Војна, кој се користел само за правење тенкови, тешка артилерија и оружје.
 
Монструмите на авијацијата
 
Нацистичко грозно животно

Уметноста и елеганцијата можеби беа едни од првите загуби во Втората Светска Војна, но тежнеејќи да се има најголемото во помеѓу епитетите на новите машини, првите две беа потполно заборавени.
 
Монструмите на авијацијата
 
Направен првично како едрилица, Messerschmitt Me 321 можел да пренесе незамисливо огромни количини на товар. Околу 130 војници плус опрема...од опрема од 23 тони!
 
 Монструмите на авијацијата
 
Поради неговата големина, еден од проблемите со ова чудовиште било - полетувањето. Првин бил влечен од два Heinkel 111 бомбардери - што се покажало катастрофално. Нареден чекор било спојување на два такви бомбардери во еден - создавање на авион-франкенштајн, кој бил скоро голем колку и Messerschmitt Me 321, па така било одлучено да се постават мотори на авионот - што го направил уште погрд, но барем можел да полета.
 
Монструмите на авијацијата