Аеромитинг Битола 2009 PDF Печати Е-пошта
Сабота, 14 Ноември 2009 13:43
Аеромитинг Битола 2009Аеро клубот "Мирко Тодоровски" од Битола по втор пат успешно организираше аеромитинг на нивниот базен аеродром Логоварди во близина на Градот Битола. Поканети беа сите воздухопловни субјекти во Република Македонија, но нај впечатливи и нај бројни беа воздухопловите на Военото Воздухопловство на Армијата на Република Македонија.

 
 
 
Припадниците на Военото Воздухопловство на Армијата на Република Македонија дојдоа со два хеликоптера Ми-17, еден хеликоптер Ми-24 и два авиона Злин 242Л. Учество во програмата исто така земаа и два хеликоптери на Министерството за Внатрешни Работи и тоа еден Белл 212 и еден Белл 412. Имаше прекрасни летови во група со Утва-75, Цесна 172, ЦХ601 и Савана, а исто така и со едрилица Бланик, но вниманието на најмладите посетители им го задржаа падобранските скокови и летовите на воздухопловните радио управувани модели. На крајот од летачкиот програм посетителите можеа за по цена од 950 денари да се повозат со авионот Цесна 172 над Битола. 
 
Аеромитинг Битола 2009
 
Аеромитинг Битола
Аеромитинг Битола2009
 
Аеромитинг Битола 2009
 
Аеромитинг Битола 2009