Германско воено воздухопловство PDF Печати Е-пошта
Вторник, 11 Јули 2006 15:07
 Почетоците на Германската Воена Авијација започна во 1910 со основањето на Imperial German Army Air Service, меѓутоа нејзининото постоење не било постојано поради поразот од двете Светски Војни (1914-1918 и 1939-1945).

 

 

 

 

Во периодот од 1939-1940, Luftwaffe неверојатно и помогна на Германската армија да освои огромен успех во Источна и Западна Европа, но не успеа во походот против Британското Небо. Подоцна, и покрај сите обиди, не успеа да не дозволи Германија да биде поразена, поради константното деноноќно бомбардирање од страна на Сојузниците. Биле бомбардирани случните фабрики и градови од страна на неверојатно големата воена сила на Сојузниците сместена во Британија. Ова се спои со предностите од Советската армија од Истокот, па како што германските авиони се повеќе се намалуваа Германија се повеќе и повеќе слабееше. Но многу важно е да се спомне, дека Luftwaffe, го создаде првиот млазен мотор и првиот борбен авион со самостоен ракетен погон.

Помеѓу 1955 и 1990, имаше две Германски воздухопловни сили, поради делбата на поразената Германија во 1945, но возухопловните сили на Источна Германија (DDR, Deutsche Demokratische Republik) по обединувањето беа отпуштени, и нивната структура превземена од Lufwaffe во 1990.

По 1945, Германското Воено Воздухопловство беше повторно видено во акција само еднаш, во 1999 во бомбардирањето на Косово.

А сега малку за авионите. Почнуваме прво од Првата Светска Војна, и кај германците тука е легендарниот Junkers.

Јункерс, секако кога ќе го слушнете веднаш го поврзувате со авионите кои ги произведуваше Luftwaffe. Поточно, Ju 87 Stuka и Ju 52 Tante Ju се најпознатите и најупотребуваните борбени авиони, и симбол на Нацистичката воена машина. Иако приватна, оваа компанија беше запленета од Нацистите и користена за воените апетити, од основачот, Hugo Junkers кој починал во 1935.

Првите модели на Јункерс беа направени во 1915 за време на Првата Светска Војна. Junker J1 беше првиот модерен авион со целосна метална конструкција и крилја контролирани од внатрешноста, а не како порано, со жици. Сојузниците брзо започнале да се натпреваруваат со слични модели на авиони.