Mil Mi-12 Homer - најголемиот хеликоптер на светот PDF Печати Е-пошта
Петок, 17 Ноември 2006 13:39

Мил Ми-12Најголемиот хеликоптер на светот кој некогаш бил изграден преставува Советскиот Mil Mi-12. Направен со единствениот дво-роторен попречен систем кој ја елиминира потребата од мотор на опашката, a двата мотори се земени со роторите од Mil Mi-6 и удвоени на Mi-12. Производството започнало во 1965 година со цел да се подигне товар од 30 тони, а прв пат полета во 1968.

 

 

 

Во февруари 1969, прототипот подигна 31 тон на 2.91 метри. На 6ти август 1969, Mi-12 подигна товар од 44.2 тони на висина од 2,255 метри, со што постигна светски рекорд.

Мил Ми-12

Друг прототип Mi-12 беше изграден и покажан на Европа на Париското аеро шоу на Ле Бурже во 1971 година. И покрај ова, хеликоптерот не ги исполна своите дизајнерски спецификации и програмата беше откажана а само две летала беа изградени.

Mil mi-12

Иако постојат гласини дека подоцна бил изграден уште еден прототип кој се урнал во тест летање, но ова никогаш не било потврдено од официјални извори. Еден од останатите Mi-12 е изложен во воздухопловниот музеј Monino во Русија, 50 километри од Москва. Другито е во погонот на Michail Leontjewitsch Mil во Lyubertsy-Panki близу Москва.

Мил Ми-12