V-22 Osprey Печати
Понеделник, 11 Декември 2006 04:44

v-22Примарна функција на овој хибрид од хеликоптер-авион е транспорт на пешадиски трупи од носачи на авиони и други бродови. "Osprey" (вид на речен орел) е летало со 7.5 метарски накривен роторски систем со пренос монтиран на двете крилја. Може да оперира како хеликоптер при полетување а да слетува како авион.

 

 

Штом е во воздух неговите мотори ротираат за 90 степени хоризонтално претворајќи го овој речен орел во брз турбопроп ефикасен авион. Крилјата ротираат за компактно сместување на товарот во авионот.

 

V-22

 

Во 1980 година Bell Helicopter и Boeing Vertol ги здружуваат силите со цел да развијат авион во голем размер од претходно преставениот XV-15 tilt rotor Demonstrator. Програмата била задолжена за производство на летала кои истовремено може да полетаат хоризонтално и вертикално. V-22 ги достигна сите очекувања на американската војска и на 19 март 1989 година започна масовното производство на овој чуден но многу корисен авион.

V-22

 

Многу експерти предвидуваат дека овој воздухоплов ќе го смени начинот на транспорт на трупите до борбените места, а во план е изградба на поголема верзија која би имала носивност колку познатиот C-130 Hercules.

BORG