40 години хеликоптерска единица на МВР Печати
Вторник, 01 Декември 2009 19:39

40 години хеликоптерска единица на МВРНа 27 Ноември 2009 година се одржа прослава по повод постоењето на Хеликоптерската единица на МВР "Јастреби". Прославата се одржа во матичната база на оваа единица во полицискиот комплекс Идризово. Единицата е формирана во 1969 година, но првиот хеликоптер беше купен во 1970 година.

 

 

Првиот купен хеликоптер беше Agusta Bell 206A JetRanger II. Овој хеликоптер претрпе несреќа на една негова мисија и подоцна во 1973 година се купи нов хеликоптер Agusta Bell 206B JetRanger III кој и ден денес активно ги извршува задачите во Хеликоптерската единица на МВР. Денеска Министерството за Внатрешни Работи на Република Македонија поседува седум хеликоптери кои активно учествуваат во заштита и спасување на граѓаните. 

На прославата што се одржа во базата Идризово гостите можеа да се запознаат одблиску со изложените хеликоптери кои беа поставени на хелиодромот и покасно да ги видат овие воздухоплови во акција. Како вежби беа презентирани хеликоптерите во акција заедно со Единицата за Брзо Распоредување, потоа пратење и подршка од воздух на конвој, спасување со помош на витло и слично.

 

40 години хеликоптерска единица на МВР
 

 

40 години хеликоптерска единица на МВР

40 години хеликоптерска единица на МВР

40 години хеликоптерска единица на МВР
 
40 години хеликоптерска единица на МВР
 
40 години хеликоптерска единица на МВР
 
40 години хеликоптерска единица на МВР
 
40 години хеликоптерска единица на МВР