Нов ултралесен авион во Прилеп Печати
Понеделник, 23 Ноември 2009 17:27

Нов ултралесен авион во ПрилепНа 18 Ноември 2009 година во Македонија пристигна нов ултралесен авион од типот Fascination D4B. Авионот ќе биде базиран на Спортскиот аеродром "Мало Коњари" - Прилеп.

 

 

 

Овој тип на ултралесен авион има мотор ROTAX 912 ULS од 100 коњски сили и тој мотор му овозможува крстаречка брзина од 220 километри на час. Минимална брзина на ова авионче е 64 километри на час. Интересно е тоа што има тенок профил на крилото кој му овозможува да биде брз и голем дијапазон на маневрирање во воздух. И покрај тенкиот профил на крилото е доста стабилен и лесен за управување. Опремен е и со вовлекувачки стоен трап и падобран.

 

Нов ултралесен авион во Прилеп
 

 

 

Нов ултралесен авион во Прилеп